ИНДЕННА Скопје – Ваш партнер за иновативни решенија во делот на автоматизација и оптимизација во процесот на производство на пластика, фолии, текстил, хартија, картон …
Како канцеларија за контакт и застапник на неколку европски компании за територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, а за одредени компании и Грција, се грижи за задоволување на потребите на постоечките купувачи, изнаоѓање на нови купувачи, конекција помеѓу производителите и крајните купувачи, советување за одредени апликации и слично.
Освен погоре наведеното “ИНДЕННА” е и трговец со одредени видови ПВЦ меки и полутврди фолии за потребите на производители на канцелариски материјали, чаршафи, амбалажа и опаковки за текстилни производи.
Индустрии во кои можат да се применат решенијата, апликациите и производите на компаниите кои ги застапувам:
Производство на фолии од ПЕ, ПВЦ, ПС, Алуминиум, и процеси на ламинација, ослојување, бариерни фолии…
Производство на хартија, конвертирање на хартијата во амбалажа, ламинирање на хартија, ослојување на хартија…
Производство и печатење на флексибилна амбалажа.
Производство на етикети и налепници.
Производство на картон (коругација).
Производстви на текстил.
Производство на батерии.
Производство на пелени, влошки, самолепливи ленти, фластери…
Сите останати типови на производство каде материјалот во процесот се движи од или во ролни.
Партнери
Erhardt-Leimer, Germany
Лидер во делот на автоматизација на производни процеси каде материјалот се движи непрекинато (moving webs) и се размотува односно намотува на ролни.
Главни производи:
Уреди за водење на материјал во правец- EL guider
Уреди за контрола на затегнатост на материјал – ELtens
Уреди за мониторинг на печатењето – Elscan
Уреди за инспекција на печатен материјал – Smartscan
Погонски мотори – El motion
Уреди за мерење на дебелина на слоеви на еднослојни и повеќеслојни фолии, нанос на лак… – Eltim, Elthickness
Уреди за сечење на фолија, хартија, неткаен текстил – Elcut
Производител на уреди и цели машини во делот на текстилната индустрија, како и индустријата за производство на фолии:
Главни производи:
Elclean – уред за чистење/прочистување на текстил на база на издувување со воздух
EL mat – Уред за контреола на температура на воздухот, влажноста и температура на ткаенината за тентери и сушални
EL straight – Уред за рамнење на дисторзиите на ткаенината
EL pattern – Уред за откривање/контрола на шаблони/матрици на ткаенината
EL count – Уред за контрола на густината на ткаенината
Машини за инспекција на текстил, надградба на каландери, есктрудери, намотувачи, премотувачи…
AFS, Germanija
Еден од лидерите во производство на уреди за плазма и корона третирање (бомбардирање) на материјали за подобрување на адхезијата (лепење, ламинирање, печатење…), како и уреди за перфорирање на фолија со помош на жешки и ладни игли (cold and hot perforation)
Главни производи:
Уреди за корона третирање (бомбардирање) за линии за производство на дувани фолии.
Перфорација топла и ладна за сите видови пластомери кои се употребуваат за пакување на храна која треба да диши/вентилира како зеленчук, овошје, сирење…
Плазма третирање на површината на материјалот, без употреба на прајмери и без оштетување на површината на материјалот.
Корона третман пред ламинирање, ослојување, метализирање…
Компанија за производство на уреди за контрола на дебелина на дувани фолии (blown film) односно добивање на константна дебелина на фолија во реално време.
Главни производи:
Автоматски воздушен прстен за контрола на дебелина на фолијата на екструдерот.
In line сензор за мерење на дебелина на фолијата потребен за автоматизација на производството.
Off line уред за мерење на дебелина на фолија. Корисен доколку имате повеќе екструдери и не е врзан само за еден екструдер.
Компанија која се бави со производство на уреди за бесконтактно ласерско мерење на должина на ролни и делови на материјали, а во исто време и мерење на брзина на линијата. Се употребува највеќе кај материјали каде треба голема прецизност и материјали кои се осетливи на физички контакт (некој видови текстил, алуминиумска фолија…). Се употребува при мерење на цели ролни, сечење на точни делови на материјал од ролна, должина на производи (плочи, ленти, паркет, даски, профили…), помош при мерење на различни брзини на ваљаци на производната линија и нивна синхронизација, мерење на брзина на линијата. Наоѓа употреба во индустриите за производство на различни видови ткаенини, производство на фолии, метална индустрија, авто-индустрија…
Мисија на оваа компанија е подобрување и иновации на уредите за контрола на затегнатоста на материјалите (web tension)во индустријата за производтво на хартија, фолија, коругација- производство на картон, дизајнирање на индустриски решенија за зголемување на продуктивноста и безбедноста, а истовремено намалување на трошоците и одржувањето.
Главно производи:
-механички и пневматски кочници
– перничиња или гуртни за кочници (pads)
– стезни глави за ролни и глави за безбедно исфрлање на ролни
– Movirol – уреди за лесно придвижување на тешки ролни
– Nebula – современ уред за контрола на влажноста на материјалот во индустријата за коругација.
“EyeC”, Германија, е единствениот добавувач на пазарот кој обезбедува квалитет на печатењето во текот на целиот процес на производство – од првата датотека за дизајн до готовиот производ. Уредите на оваа компанија наоѓаат примена во фармацеутската индустрија, печатарската индустрија, компаниите за дизајн и предпечатење, RFID компаниите.., Уреди за Off-line и In-line инспекција на печатен материјал.
Главни производи:
Off-line уреди: Proofiler Graphic, Proofiler DT (со ширини 300-1700мм) и Proofiler RS (со ширини 900мм,1050мм и 1500мм)
On-line уреди: Proofrunner web, Proofrunner Sheetfed, Proofrunner Carton и EyeC Quality link
Лидер во производство на уреди за контрола на статички електрицитет и чистење/прочистување на материјалите во производство каде истите се во целовремено движење (cleaning of moving webs), при производство на текстил, фолија, пред печатење, ламинирање, ослојување….
Главни производи:
Уреди за конгтрола на статички електрицитет
Уреди за чистење на материјал во движење (cleaning of moving webs)- контактни и бесконтактни
Јонизирачки Jetstream системи потребни за авто-индустријата
Ние во ИНДЕННА сме горди што ни е доверено да бидеме претставници/агенти за водечките компании во индустријата како што се Erhardt + Leimer GmbH, AFS, Octagon, Elovis, Meech, Renova Srl, HIP Mitsu… Со непопустлива посветеност ги поврзуваме компаниите со најсовремени решенија кои поттикнуваат ефикасност, иновации и раст.
Нашата мисија е да го премостиме јазот помеѓу револуционерните технологии и индустриите кои се потпираат на нив. Како посветени претставници, ние ги разбираме уникатните потреби на нашите клиенти и тесно соработуваме со нив за да обезбедиме приспособени решенија кои ги зајакнуваат нивните процеси. Поддржани од нашите ценети партнери, нудиме разновидна палета на висококвалитетни производи дизајнирани да ги оптимизираат процесите, да ја подобрат контролата на квалитетот и да ја зголемат севкупната ефикасност.
Придружете ни се на нашето патување за преобликување на индустриите преку иновации и соработка. Поврзете се со нас за да останете во тек со најновите случувања, увид во индустријата и успешни приказни. Заедно, го поттикнуваме напредокот и обликуваме иднина каде што ефикасноста и технологијата се спојуваат беспрекорно.